Дома Фудбал Oфицијално: Енис Барди промовиран во новиот клуб!

Oфицијално: Енис Барди промовиран во новиот клуб!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, има нов клуб – од денеска и официјално е играч на турскиот Коњаспор. Македонскиот интернационалец потпиша договор на две години со клубот од Суперлигата, со што се потврдија најавите од турските медиуми.

„Коњаспор потпиша двегодишен договор со македонскиот репрезентативец Енис Барди“, стои во официјалното соопштение на клубот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Барди ќе го носи дресот со број 10 и од него се очекува да биде еден од носителите на играта во средниот ред на турскиот прволигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…