
Новиот играч на Челси е холандскиот дефанзивец Јорел Хато (19).
“Сините” за овој фудбалер на Ајакс издвоија 44 милиони евра.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Со ова, тој стана уште една скапа инвестиција на лондонскиот клуб кој во текот на тековниот трансфер период потроши повеќе од 300 милиони евра на нови имиња.
Хато зад себе има две извонредни сезони во Ајакс, каде е дел од 2018 година.
Од 2022 година е дел од сениорскиот тим , првата сезона ја помина во резервниот состав, а во следните две беше незаменлив член на одбраната на славниот холандски клуб.
Во изминатите две сезони одигра 75 натпревари и постигна три гола.
Меѓувремено дебитираше и за репрезентацијата на својата земја.
Јорел Хато официјално е дел од „Сините“. 🔵✍️ pic.twitter.com/j1d1o88yWu
— Chelsea FC (@ChelseaFC) 3 август, 2025