Дома Фудбал Италија Официјално: Дибала во Рома до 2026 година

Официјално: Дибала во Рома до 2026 година

Пауло Дибала ги исполни критериумите и автоматски го продолжи договорот со Рома до 2026  година.

Неговиот договор со „волчицата“ истекуваше на крајот на сезоната, но според бројот на одиграни натпревари се активираше клаузулата за продолжување на соработката до 2026 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа клаузула беше активирана минатата недела, по натпреварот против Џенова, каде Дибала оствари асистенција во победата од 3-1, што беше доволно за да ги исполни условите за продолжување на договорот.

Според реномираниот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“, нето платата на Дибала според новиот договор ќе изнесува 8 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеналот на Брахим Дијаз не беше ништо: Чилеанец ја има најлошата паненка во историјата – дури и се повреди! (Видео)

Додека се уште фудбалскиот свет се сеќава на пропуштената „паненка“ на Брахим Диас за титу…