
Потпретседателот на германскиот парламент жестоко ја критикуваше Светската фудбалска федерација (ФИФА), нарекувајќи ја церемонијата на извлекување за Светското првенство “одвратна”, а цените на билетите за турнирот “целосно луди”.
Омид Нурипур од партијата на Зелените, еден од потпретседателите на долниот дом на Бундестаг, изјави во неделата за телевизијата Welt дека “ФИФА на долг рок не си прави услуга” и дека “неутралноста е сериозно нарушена”.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Светското првенство 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.
ФИФА ги отфрли критиките за блиските односи на нејзиниот претседател Џани Инфантино со Трамп, наведувајќи дека “добрите односи” со највисоките политички претставници на земјите домаќини се клучни за успешно организирање на голем спортски настан.
Нурипур ја опиша церемонијата на извлекување како “одвратна”, а се придружи и на критиките за цените на билетите, кои ги нарече “целосно луди”.
Според податоците на Германската фудбалска федерација (DFB), најевтиниoт билет за натпреварите во групната фаза ќе чини 155 евра (околу 180 долари).
Навивачот кој би сакал да ги следи сите натпревари на германската репрезентација, вклучително и финалето – доколку тимот се пласира – ќе треба да издвои најмалку 5.975 евра.