Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) со жрепка синоќа во италијанскиот град Бари го одреди составот на групите за Европското првенство кое идната година заедно ќе го организираат Бугарија, Италија, Финска и Романија. Македонија за ЕП 2026 е дел од групата Б во Варна, каде покрај домаќинот и актуелен светски вице-првак Бугарија, ќе се соочи и со Полска, Украина, Португалија и Израел. …