Дома Фудбал Од отпишаните до нов договор: Керик ја промени судбината на еден од фудбалерите

Од отпишаните до нов договор: Керик ја промени судбината на еден од фудбалерите

Тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик изјави дека фудбалерот Коби Мејну е блиску до потпишување на нов договор.

Како што денеска пренесе „Скај“, клубот ќе му понуди на 20-годишниот фудбалер петгодишен договор, до 2031 година, со значително покачување на платата, во согласност со неговиот напредок и статус во тимот. Мејну во 2023 година како 17-годишник потпиша договор со Јунајтед кој важи до летото 2027 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Керик, кој сѐ уште не знае дали ќе остане во клубот после оваа сезона, беше прашан дали Мејну ќе потпише нов договор, а младиот стручњак даде јасен одговор.

„Би сакале така да мислиме. Се приближуваме кон тоа, позитивни сме по тоа прашање. Стабилни сме во врска со тоа и времето ќе покаже како ќе се развива, но сме во добра ситуација со него”, рече Керик. 

Мејну не беше во плановите на претходниот тренер Рубен Аморим и се чинеше дека ќе го напушти Олд Трафорд. Кога Португалецот во јануари доби отказ и тимот го презеде Керик до крајот на сезоната, Мејну стана стандарден и играше на сите 10 натпревари во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Росениор: Сè уште сме во трка за топ-5 и може да го освоиме ФА-купот

Тренерот на Челси, Лиам Росениор испрати јасна и мотивирачка порака до својот тим, истакну…