
Навивачите на Реал Мадрид, како и спортската јавност, беа во шок откако француските медиуми објавија дека лекарскиот тим на кралскиот клуб направил сериозна грешка откако го прегледал погрешното колено на Килиан Мбапе.
“Лекарите од Реал Мадрид го прегледаа погрешното колено кога повредата едвај што се појавила. Го гледаа десното наместо левото колено и му рекоа дека сè е во најдобар ред”, изјави РМС и додаде:
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Се врати на натпреварите и тренинзите со повредата и дополнително ја влоши.”
Иако Мбапе ги отфрли таквите тврдења, сега угледниот Л’Екип донесува уште една неверојатна приказна. Станува збор за Едуардо Камавинга.
Според пишувањата на овој весник, и играчот на Реал помина низ сличен проблем.
“Реал Мадрид направи грешка и при повредата на Едуардо Камавинга, исто како што беше случајот со Килиан Мбапе,” се наведува и додава:
“Лекарскиот тим го испитуваше десниот зглоб на Камавинга, иако на 3 декември тој го повреди левиот,” се вели.
За вистинско чудо изгледа дека лекарскиот тим на шпанскиот гигант прави вакви грешки. Сепак, прашање е како ни фудбалерите не реагирале во ваков случај.