Дома Останати Тенис Објавена загрижувачка снимка од Ѓоковиќ (Видео)

Објавена загрижувачка снимка од Ѓоковиќ (Видео)

Шпански „АС“ објави видео снимка на која се гледа како Новак Ѓоковиќ има проблеми со движењето при влезот на аеродромот во Доха.

Српскиот тенисер беше елиминиран во осминафиналето на турнирот во Катар од Матео Беретини, и тоа прилично брзо, во два сета.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ наредниот ден настапи и во двојки, но беше елиминиран заедно со својот партнер Фернандо Вердаско.

Пред него сега претстои американската турнеја, каде што ќе настапи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Првиот од нив, турнирот во Калифорнија, е закажан од 5 до 16 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Се надевам дека нема да пречи блесокот на дијамантите”: Арина Сабаленка не го симнува прстенот од 1.000.000 долари (Видео)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го започна својот поход по титулата во Индијан Велс,…