Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, ги критикуваше судиите по поразот од Црвена звезда во вечниот дерби (84:89).
Дербито во Белградската арена го судеа Урош Николиќ, Томислав Хордов и Лука Кардум, кои му дадоа техничка дури и на најтрофејниот европски тренер на сите времиња.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
По мечот, на конференцијата за печат, Обрадовиќ објасни што се случило:
„Треба да се биде чесен и да се каже дека ние некои ситуации лошо ги решивме, но повторувам уште еднаш – имаше и други ситуации. Еве на пример, да се вратам на техничката што беше мени судена. Јас дури на англиски зборував. Бидејќи тоа е навика“, рече тој.
Во еден момент додека зборуваше на таа тема, покажа среден прст. Навивачите тоа веднаш го забележаа и тој дел стана вирален.
.Oooookej 😂 pic.twitter.com/HW3zEGLHx9
— ФантомБелград (@ФантомБелград) 23 декември, 2024