Дома Фудбал Објавени цените на билетите за Светското првенство: Многу се поскапи од Мундијалот во Катар!

Објавени цените на билетите за Светското првенство: Многу се поскапи од Мундијалот во Катар!

Цените на влезниците за фудбалското Светско првенство следната година ќе се движат од 60 долари за натпреварите во групната фаза до 6.730 долари за финалето во Њу Џерси, но можни се промени поради воведувањето на динамичко определување на цените. Ова го пренесе агенцијата Асошиејтед прес.

Светското првенство ќе го организираат САД, заедно со Канада и Мексико, а во споредба со 1994 година кога само САД беа домаќини, цените се значително зголемени. Тогаш се движеа од 25 до 475 долари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На првенството во Катар, во 2022 година, влезниците чинеа од 69 до 1.607 долари.

Динамичко определување на цените беше применето и на оваа годинашното Светско клупско првенство, кога поради помала побарувачка, цените на полуфиналето Челси – Флуминенсе беа намалени од 473,90 долари на 13,40 долари.

“Главната порака е да ги купите билетите рано, особено ако знаете каде ќе бидете – бидејќи живеете во тој град или навивате за една од трите земји домаќини, па веќе знаете кога и каде ќе играат. Значи, порака е: Купете билети рано – потоа се’ е можно,” рече Хејмо Ширги, оперативен директор на Светското првенство.

Турнирот ќе се одржува од 11 јуни до 19 јули, и ќе се игра на 11 локации во САД, три во Мексико и две во Канада. Ова ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, наместо досегашните 32 екипи.

Првичниот период за поднесување барања за извлекување на билети ќе биде ограничен за корисници на Visa картички и ќе трае од 17 часот по средноевропско време на денот на отворањето до 17 часот на 19 септември.

Оние што ќе бидат избрани за купување на влезници ќе бидат известени од 29 септември, а ќе добијат и термин за купување, кој ќе започнува од 1 октомври.

Иако влезниците за сите 104 натпревари ќе бидат пуштени во продажба, добивањето на термин не гарантира дека билети ќе бидат достапни.

Купувањето ќе биде ограничено на четири билети по лице за натпревар, а никој нема да може да купи повеќе од 40 билети за целиот турнир.

Втората фаза наречена “рана пријава за билети” најверојатно ќе се одржува од 27 до 31 октомври, додека купувањето ќе се врши од средината на ноември до почетокот на декември.

Третата фаза, под името “случајно извлекување на билети”, ќе почне по официјалната ждрепка на 5 декември, кога ќе биде познат конечниот распоред на натпреварите.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) претходно најави дека билетите ќе бидат достапни по принципот “прв дојден – прв услужен”, а продажбата ќе биде на официјалната платформа.

Пакет аранжмани со угостителски услуги се продаваат од мај. За осум натпревари на стадионот во Ист Ратерфорд (Њу Џерси), вклучувајќи го и финалето на 19 јули, цените се движат од 3.500 до 73.200 долари по особа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто никогаш не му се случило: Стерлинг го доживеа најголемото понижување во кариерата

Челси повторно беше активен на трансфер пазарот ова лето, но одреден број на играчи кои са…