Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Oчајните Англичани: Хрватска треба да биде исфрлена од Мундијалот

Oчајните Англичани: Хрватска треба да биде исфрлена од Мундијалот

Oткако селекцијата на Англија забележа пораз во полуфиналето на СП од Хрватска, Анличаните, посебно таблоидите започнаа да се пишуваат за луди теории на завера и одат толку далеку што тврдат дека Хрватска би требало да биде исфрлена.

Како можни причини го наведуваат тоа што Анте Ребиќ добил два жолти картини, но не бил исклучен, како и случајот на Домагој Вида за кој се бараше суспензија поради слоганот „Слава Украина“. Сметаа и дека голот на Перишиќ за 1:1 би требало да биде поништен поради прекршок во напад.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Но, јасно е дека таквите тврдења и немаат некоја основа. Всушност наводниот прв жолт картон на Ребиќ во 48 минута го доби Марио Манџукиќ. Тоа во текот на преносот не беше најдобро забележано, но после прегледот на ВАР беше утврдено дека Манџукиќ е тој кој бил опменат.

Вида од ФИФА беше ослободен од било каква вина и му беше дозволено да игра против Англија, па ниту тука нема никакви контроверзии.

Кога е голот на Перишиќ, веројатно само Англичаните гледаат прекршок во таа ситуација..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…