Тимот на Челзи денес потврди дека во клубот пристигнува ново засилување.
„Сините“ во своите редови го доведоа младиот француски дефанзивец Маланг Сар кој во Челзи пристигна од редовите на Ница. Сар со Челзи потпиша договор на пет сезони. Тој веднаш нема да добие шанса во првиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Челзи се одлучи Сар да го испрати на позајмица со цел да собира искуство и наредната сезона да се приклучи на првиот тим на клубот од Лондон.
„Не можевме да ја пропуштиме приликата да го доведеме. Тој е одличен потенцијал и долго време го следевме. Сега ќе оди на позајмица, но за брзо ќе биде дел од нашиот тим“, соопштија од Челзи.
Ќе потсетиме Челзи вчера го официјализираше трансферот на Бен Чилвел за кого на Лестер исплатија 50 милиони фунти.
Welcome to Chelsea, Malang Sarr! ✍️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 27, 2020