Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Oфицијално: ФИФА го промени датумот на почетокот на Мундијалот

Oфицијално: ФИФА го промени датумот на почетокот на Мундијалот

Како и што се најавуваше ФИФА и официјално го промени датумот на почетокот на Светското првенство.

Предвидено беше Мундијалот да стартува на 21. ноември, но промената е направена за домаќинот Катар да го отвори турнирот. Промената еп отврдена од советот на ФИФА, па така Мундијалот ќе биде отворен на 20. ноември во 19:00 часот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Катар на стартот од Мундијалот ќе игра против Еквадор. Според претходниот календар прв натпревар требаше да биде Сенегал – Холандија на 21. ноември во 13:00 часот.

Образложувањето на ФИФА е дека традиција било СП да го отвори домаќинот или светскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пет клубови заинтересирани за младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед може да се раздели со Коби Мејну пред затворањето на трансферниот прозо…