Како и што се најавуваше, Сандро Тонали од денес е нов фудбалер на Њукасл, клубот го потврди трансферот со официјално соопштение.
Тонали во Њукасл пристигна во рекорден трансфер за овој клуб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Со задоволство можеме да потврдиме дека потпишавме договор со Сандро Тонали од Милан“, објави Њукасл.
Во Њукасл, Тонали пристигнува за сума од 70 милиони евра и вклучени бонуси, Милан успеа да договори и 10% од сумата од идниот трансфер на италијанскиот фудбалер.
Ако се остварат бонусите во договорот, тогаш ова ќе биде рекордна продажба за Милан, засега на врвот е трансферот на Кака во Реал Мадрид за 67 милиони евра.
Кога станува збор за продажбите од Серија А, Тонали е на петтата позиција зад Лукаку, Погба, Игуаин и Зидан.
Benvenuto, Sandro! 👋🇮🇹 pic.twitter.com/IulFBuq77B
— Newcastle United FC (@NUFC) July 3, 2023