Дома Останати Ракомет Oфицијално: Скубе потпише за Киелце!

Oфицијално: Скубе потпише за Киелце!

Поранешниот вардарец, Сташ Скубе од следната сезона ќе игра во полскиот шампион Киелце.

Словенецот од Вардар премина во Мешков Брест, а сега со Киелце потпиша договор на три години. Тој е среќен што ќе игра во клуб кој ќе се бори за освојувањето на Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Среќен сум што ќе играм за Киелце, ова е амбициозен клуб со високи цели. Одлуката не беше тешка, од никого не слушнав лош збор за овој клуб. Се надевам дека ќе му помогнам на клубот да победува, како во домашниот шампионат така и во Лигата на шампионите“, изјави Скубе.

Медиумите најавуваат дека доаѓањето на Скубе во Киелце би можело да значи заминување на Игор Карачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Спектакуларниот цепелин на Митревски и Манасков кој ја крена цела сала на нозе (Видео)

Македонскиот шампион Пелистер одигра одличен натпревар и му пружи сериозен отпор на европс…