Дома Останати Тенис Oфицијално: Се враќа Рафаел Надал и тоа пред Австралија Опен!

Oфицијално: Се враќа Рафаел Надал и тоа пред Австралија Опен!

Поранешниот најдобар светски тенисер, Рафаел Надал официјално објави дека се враќа на терените.

Надал ќе се врати на турнирот во Бризбејн кој служи како загревање за Австралија Опен. Освојувачот на 22 грен-слем титули не играл официјален меч откако се откажа од второто коло на Австралија Опен поради проблеми со колкот.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„По една година надвор од терените, време е да се вратам.  Ќе биде во Бризбејн, првата недела во јануари. Се гледаме таму“, зборува помеѓу другото во видеото објавено на социјалните мрежи, шпанскиот тенисер.

Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ за хаосот во Париз: Беше многу опасно, сешто се случуваше!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е во врвот на светскиот тенис, о…