Oд следната сезона ракометната Суперлига на Македонија ќе брои 12 клубови, беше изгласано на денешната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија.
На денешниот сотанок на УО беше изгласано намалување на бројот на екипи од 16 на 12 клубови, а загранатирано место ќе имаат осумте учесници во плеј-офот (Алкалоид, Тиквеш, Пролет, Вардар, Е. Пелистер, Струга, Охрид и Бутел).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во елитата ќе има место за шампионот на Првата лига за сезоната 2023/2024, додека последното место ќе се решава со бараж помеѓу третопласираниот тим од плејаутот од Суперлигата против второпласираната екипа од Првата лига.
Од наредната сезона најдобрите десет екипи ќе обезбедуваат суперлигашки статус и за новата сезона, последниот директно испаѓа, додека претпоследниот тим ќе игра бараж со вицешампионот од Првата лига за популнување на место.