Искусниот германски фудбалер Лукас Подолски неодамна го напушти јапонскиот Висел Кобе, кариерата ја продолжи во Турција.
Подолски во јапонскиот клуб помина повеќе од две години, а после истекот на договорот одлучи да се врати во Европа. Овој 34 годишен напаѓач кариерата ќа ја продолжи во турски Анталијаспор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анталијаспор денес го потврди трансферот на Подолски. Германскиот фудбалер потпиша договор до летото 2021 година.
Подолски веќе настапуваше во Турција во дресот на Галатасарај каде што помина две сезони, а потоа ја напушти Турција.
Искусниот напаѓач во кариерата играше уште за Баерн, Арсенал и Интер.
Интересно е што во текот на вчерашниот ден турските медиуми на големо пишуваа дека Јаховиќ се договорил со Анталијаспор. Сега не е јасно дали потенцијалниот трансфер на македонскиот напаѓач ќе биде доведен во прашање.