Иван Перишиќ е нов играч на Тотенхем. Хрватскиот репрезентативец потпиша двегодишен договор со англискиот прволигаш.
По играњето во Франција (Сошо), Германија (Борусија Дортмунд и Баерн) и Италија, 33-годишниот хрватски фудбалер ќе се проба и во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бројни медиуми пишуваа дека тој заедно со Тотенхем и Челзи на Перишиќ му го понудил и она што Интер не сакаше да му годаде. Се шпекулираше и за трансфер во Јувентус, но на крајот Перишиќ се одлучи за Тотенхем каде што повторно ќе соработува со Антонио Конте.
Зад Перишиќ е фантастична сезона во Италија. Со Интер го освои Купот на Италија и беше втор во Серија А зад Милан. По освојувањето на Купот на Италија, Перишиќ даде изјава во која порача дека со најважните играчи не треба да се чека до последен момент за договорот, а очигледно тоа било и најава дека не е задоволен од тоа како Интер се однесува кон него.
🎙 “I’m really excited to start with the Spurs family”
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 31, 2022
Watch Ivan Perišić’s first interview as a Spurs player! 🙌 pic.twitter.com/ktsbfAUEiR