Maрк Маркез и официјално ја напушта Хонда.
Јапонската компанија денес објави соопштение во кое потврдува дека возачот и клубот постигнале договор за раскин на соработката. Ова значи дека Маркез нема да вози за Хонда во Мото ГП сезоната 2024.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Потегот можеби е очекуван, но ќе биде чудно да се гледа Маркез за друг тим со оглед на долгиот престој кој го имаше во тимот на Хонда.
Договорот на Маркез со Хонда имаше важност уште една година, меѓутоа двете страни донесоа одлука дека е најдобро предвреме да се прекине.