Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал следната сезона ќе го носи дресот на Аталанта каде што ќе настапува како позајмен фудбалер.
Аталанта го доведе Демирал на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра следното лето. Демирал дел од Јувентус беше две сезони, а пристигна од Сасуоло.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Аталанта Демирал пристигнува како замена за Кристијан Ромеро кој се очекува да го комплетира трансферот во Тотенхем кој ќе изнесува 50 милиони евра. Аталанта прво го откупи Ромеро од Јувентус за 16 милиони евра бидејќи во нивните редови настапуваше како позајмен фудбалер, па потоа го продаде во Лондон.
⚫️ 𝐁𝐄𝐍𝐕𝐄𝐍𝐔𝐓𝐎 𝐃𝐄𝐌𝐈𝐑𝐀𝐋 🔵@Merihdemiral è un nuovo giocatore dell’Atalanta! 🦾 Hoş geldin, Merih! 🔝🇹🇷#Demiral is a new Atalanta player! 🤝 Welcome, Merih! 🤩#GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/82QhThYlPL
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 6, 2021