Додека голем број фудбалери се одлучија кариерата да ја продолжат во Саудиска Арабија, Марко Верати се одлучи да игра во Катар.
Катарскиот Ал-Араби официјално го потврди трансферот на фудбалерот од средниот. Верати дресот на ПСЖ го носеше од 2012 година, а во минатата одигра 38 натпревари во дресот на францускиот гигант, а во нив запиша една асистенција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имаше Верати понуди и од европските клубови, но се одлучи да игра во Катар. Ал-Араби за него плати сума од 40 милиони евра.
Покрај ПСЖ, Верати играше уште за Пескара во Серија Б.