Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оваа сезона нема да игра во Европа!
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одби жалбата на црвено-црните и Вардар нема да игра летни квалификации за Лигата на Европа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ФФМ оваа одлука ја потврди денес на својот сајт каде што објави кои клубови добиле лиценца, а кои не добиле. Одлуката е конечна и Вардар нема да има можност да игра во Европа.
Вардар не доби лиценца на првостепената комисија, црвено-црните потоа испратија жалба, но сега и таа е одбиена.
„Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, стои помеѓу другото во објавата на ФФМ.
Ова ќе биде прв пат Вардар после 2014 година да не игра во Европа што е секако тежок удар за амбициите на клубот.
Покрај Вардар лиценца за настап во Европа не доби и Победа, додека останатите осум прволигаши: Академија Пандев, Беласица, Македонија Ѓ.П, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.
Веројатно причината за недобивање лиценца на Вардар е финансиската ситуација во клубот.