Се појави проблем пред завршницата на турнирот со осум екипи во Лигата на шампионите.
Вчера вечерта шпанските медиуми објавија дека двајца членови на Атлетико се позитивни на коронавирус, а сега е откриено дека тие два члена се фудбалери. Ова секако уште повеќе го зголемува проблемот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Атлетико побарале да се почитува приватноста па затоа имињата не се објавено. Сепак, таа тајна Атлетико не може долго да ја крие затоа што вечерва екипата треба да отпатува во Лисабон па ќе се види кои недостасуваат. Претходно беше објавено дека заразените се во карантин.
Во клубот стравуваат дека тие двајца не се единствените заразени. На тестирањето во саботата се тестирале 93 лица и тие требаше да бидат во експедицијата која патува во Лисабон. Денес ќе има нови тестирања и можно е да се случи тимот да го одложи летот до Португалија ако има нови заразени.