Арсенал ја загуби битката за титулата во Премиерлигата, иако голем дел од сезоната помина на врвот на табелата, па затоа летово се чека ремонт во лондонскиот гигант.
Фабрицио Романо вчера објави дека Џака ќе замине од „Емирати“, иако оваа сезона настапи на 35 натпревари во Премиерлигата. Негова следна дестинација би требало да биде тимот на Баер Леверкузен од германската Бундеслига. (ТУКА).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот Микел Артета сака да избрка и дел од другите фудбалери, а тоа се Фоларин Балоган, Рајс Нелсон, Емил Смит-Роу, Киеран Тирни, Алберт Самби Лконга, Нуно Тавареш, Роб Холдинг и Ејнсли Мејтланд-Најлс.
Како нови засилувања на „топчиите“ се споменуваат Муса Дијаби од Баер Леверкузен и Деклан Рајс.