Дома Трансфер зона Џака го напушта Арсенал: Ги договорил личните услови и се враќа во Германија!

Џака го напушта Арсенал: Ги договорил личните услови и се враќа во Германија!

Проблематичниот Гранит Џака според најавите ќе си замине од Арсенал на крајот од сезоната затоа што е пред трансфер во германската Бундеслига.

Седум години Џака го носи дресот на Арсенал каде што дојде за 45 милиони евра од Борусија Менхгладбах, а сега според најавите на Фабрицио Романо повторно ќе игра во Германија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Џака може да си замине од Арсенал на крајот од сезоната. Немаше преговори за нов договор и планирана е разделба во јуни. Баер Леверкузен е фаворит и е во поодминати преговори со Џака, се споменува оштета од околу 15 милион иевра, фудбалерот веќе ги договори личните услови“, објавив Романо.

Сезонава, Џака беше стандарден во редовите на Арсенал и на 45 натпревари собра 3.564 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …