На почетокот на наредниот месец, поточно на 2-ри декември ќе биде одржан изборот за „Златна топка“.
Засега тешко е да се предвиди кој ќе ја добие Златната топка, меѓутоа како фаворит во јавноста се споменува Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, тука се и останатите конкуренти, но Меси некако барем малку се издвојува. Килијан Мбапе јавно призна дека таа награда треба да оди во рацете на Меси.
„Таа награда треба да ја добие Меси. Поединечно беше најдобар“, кратко изјави Французинот „Шпигел“.
Меси пет пати во кариерата ја освојуваше Златната топка, а во септември беше избран за најдобар играч во изборот на ФИФА. Меси во сезоната 2018/2019 година постигна 51 гол, ја освои титулата шампион на Шпанија и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите и финалето на Копа Америка.
Реномираниот новинар Франсеск Агиљар објави денес дека бил одржан состанок на кој организациониот одбор кој ја доделува Златната топка го известил победникот.