Општина Аеродром ќе издвои 1.2 милион денари како помош за РК Вардар, соопшти првиот човек на општината Тимчо Муцунски.




Сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски летово на прес-конференција пред новинарите отворено зборуваше дека му е потребна помош во финансирањето на клубот.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Вардар поради финансиската ситуација остана без настап во Лигата на шампионите и тоа го стави клубот во потешка ситуација затоа што останаа без странските засилувања кои не секаа да дојдат без настап во европските натпреварувања.




„Помош за РК Вардар кога е најпотребно! Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион“, стои во соопштението на Муцунски.
Фото: РК Вардар