Дома Фудбал Англија Oзил го исмејуваше Тотенхем по поразот од Манчестер Сити

Oзил го исмејуваше Тотенхем по поразот од Манчестер Сити

Поранешниот играч на Арсенал денес го носи дресот на Фенербахче, но очигледно дека клубот од „Емирати“ се уште му е во срцето.

Во неделата се играше финалето во Лига Купот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити во кој „граѓаните“ славеа со минимални 1:0. Голот на одлука го постигна стоперот на Сити, Емерик Лапорта кој беше највисок во скокот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Петлите“ од клупата ги предводеше Рајан Мејсон откако минатата недела отказ добил Жозе Мурињо после серијата лоши резултати.

Како што обично се случува, навивачите на Арсенал најмногу се шегуваа со поразот на својот ривал, а поранешниот играч на овој тим Месут Озил отиде чекор подалеку.

Германскиот играч за врска поразот на Тотенхем го обележа со кратка порака: Остана празно“…Со оваа порака Озил алудираше на празната ветрина трофеи на „пелите“:

Последниот трофеј Тотенхем го освои уште во 2008 година кога во финалето од Лига Купот славеше против Челзи со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…