Денес од страна на Синдикатот на фудбалери во Македонија беше објавено дека тимот на Шкупи одбил да се тестира на коронавирус.
Во Шкупи наводно не сакале да се тестираат затоа што не веруваат во тестовите, меѓутоа од управата на клубот од Чаир стигна демант. Тие демантираат дека не сакаат да се тестираат, сакаат но во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Гледајќи ја ситуацијата во државата, ние како професионален клуб во прв план го ставаме здравјето на фудбалерите и вработените во Шкупи. Пред неколку недели направивме тестови за ковид-19, а тестираните беа негативни. За секоја наша постапка се консултираме со Комисијата за заразни болести.
Ние како клуб ги одбивме тестирањата на „Аџибадем Систина“, бидејќи не се прифатени од државните институции, па побаравме да се тестираме во болницата „Мајка Тереза“ и очекуваме датум.
Затоа, мораме да ги демантираме сите објави дека Шкупи одбива да се тестира на ковид-19, бидејќи само не прифаќаме да се одржат во споменатата болница“, стои во соопштението на клубот.