Дома Топ вести Oд Мадрид го возвраќаат ударот: Ова се најголемите кражби во корист на Барселона

Oд Мадрид го возвраќаат ударот: Ова се најголемите кражби во корист на Барселона

Признанието на англискиот судија Марк Клатенбург (дека голот на Рамос во финалето против Атлетико бил од офсајд) ги испровоцира медиумите во Каталонија да направат сторија за кражбите во корист на Реал Мадрид, сега од Мадрид го возвраќаат ударот.

Тука можете да прочитате за текстот на „Мундо Депортиво“ за кражбите на Реал, а денес мадритскиот „Ок Диарио“ ги наброја контроверзните одлуки во корист на Каталонците.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Полуфиналето во Лигата на шампионите 2009 Челзи – Барселона 1:1 (првиот натпревар 0:0).

Во контексот најголема кражба многумина прво помислуваа на „масакрот“ на Челзи на „Стенфорд Бриџ“. Норвешкиот судија Евербо во тој натпревар го оштети Челзи недосудувајќи барем 2-3 пенали за лондонскиот тим при резултат 1:0 и со тоа и овозможи на Барселона да остане во игра до самиот крај кога Иниеста погоди за финале во кое подоцна славеа над Манчестер Јунајтед.

Финалето во ЛШ 2006 Барселона – Арсенал 2:1.

Веќе во 18. Минута Барселона стекна предност со играч повеќе после чист прекршок на Јенс Леман над Самуел Ето надвор од казнетиот простор. Во продолжение од акцијата постигнат е гол преку Жили, но тој се поништи поради запирањето на играта. Инаку, тука теретот се става на играчите на Барселона кои после голот на Жили скокнаа на судијата барајќи на Леман да му покаже црвен картон, па и по цена голот да не биде признат бидејќи поважно им беше да имаат играч повеќе 70 и повеќе минути.

Полуфиналето во ЛШ 2006, Барселона – Милан 0:0 (првиот натпревар 1:0)

После победата на „Сан Сиро“ Барселона имаше добиена ситуација. Меѓутоа малку недостасуваше работите да тргнат во друга насока. Во 60. минута Андреј Шевченко постигна гол и го изедначи вкупниот резултат, но судијата Маркус Мерк виде прекршок во напад над Карлес Пујол (во текстот стои дека единствено тој го видел тој фаул).

Осминафинале во ЛШ 2011 Барселона – Арсенал 4:1 (прв натпревар 1:2)

Иако самиот резултат поинаку покажува, во овој натпревар се водеше голема борба. Арсенал во 53. минута успеа да дојде до потребните 1:1, но тогаш на сцена стапи судијата Масимо Бусака кој престрого го исклучи Робин Ван Перси. На крајот Барселона успеа да забележи убедлива победа и да оди до титулата.

Полуфинале во ЛШ 2011 Реал Мадрид – Барселона 0:2, 1:1

Барселона во тој натпревар дојде до голема победа после црвениот картон кој го доби Пепе поради стартот над Дани Алвес, новинарите од Мадрид тврдат дека тука немало никаков контакт. Се жалат и на неправедно поништениот гол на Игуаин во реваншот за 1:1 кога Де Блекер досуди фаул во напад на Роналдо. Реал подоцна дојде до 1:1 но тогаш веќе беше доцна за пресврт.

Осминафинале ЛШ 2016, Барселона – ПСЖ 6:1 (првиот натпревар 0:4)

После победата на ПСЖ во првиот натпревар од 4:0 Барселона беше на работ на бездна. Но во вториот натпревар Каталонците победија со неверојатни 6:1. Од ПСЖ се жалеа деа не е досуден чист пенал за Ди Марија во завршницата од натпреварот, а потоа за Барселона е досуден сомнителен пенал кој Нејмар го реализираше за конечни 6:1. Тука се додава и дека Емери кој тогаш беше тренер на ПСЖ неодамна изјави дека единствено нешто што би променил од тој натпревар е судијата.

Барселона – Интер 1:0 (првиот натпревар 1:3)

Иако Барселона испадна од Интер, новинарите на „Ок Диарио“ го ставаат во текстот под парола „не можеа преку Мурињо“. Истакнуваат дека Барселона добила подарок кога бил исклучен Тијаго Мота во 28. минута, сепак и така Каталонците не ја надополнија негативата од првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…