Дома Топ вести Историја на „кражбите“ во корист на Реал Мадрид

Историја на „кражбите“ во корист на Реал Мадрид

Признанието на англискиот судија Марк Клатенбург дека голот кој го постигнал Серхио Рамос во финалето во 2016 година бил од офсајд позиција беше причина во Шпанија да се актуелиира прашањето за судиските одлуки наклонети кон Реал.

Веројатно ниту еден клуб во светот нема повеќе оспорувани титули од Реал Мадрид, а сега шпанскиот „Ел Мундо Депортиво“ избра осум најголеми „кражби“ во корист на Реал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Финалето на Купот на шампионите, 1957. Реал Мадрид – Фиорентина 2:0

Алфредо Ди Стефано во тоа финале постигна гол од пенал кој не постоеше бидејќи прекршокот беше направен надвор од казнетиот простор. Дури и легендарниот Пако Хенто во интервју во 2014 година призна дека пеналот бил крајно сомнителен. Во Фиорентина сметаа и дека освен непостоечкиот пенал, Реал добил помош и со тоа што на Фиорентина не и бил признат чист гол.

Четвтфиналето во Лигата на шампионите 2018. Реал Мадрид – Јувентус 1:3 (првиот натпревар 3:0 за Реал).

Ова четвртфинале и понатаму е тема за која се зборува. Во Торино Реал го разби Јуве со 3:0, меѓутоа „старата дама“ во Мадрид возврати со иста мера. Сепак, после дуелот помеѓу Бенатија и Лукас Васкез се досуди спорен пенал во финишот кој Роналдо го претвори во гол за пласман на Реал во полуфиналето.

Осминафинале во ЛШ 2018. Реал – ПСЖ 3:1

Истата сезона Реал играше дерби и со ПСЖ, а две ситуации се спорни. Пеналот на Ло Селсо над Тони Крос за водство на Реал, а при резултат 1:1 не се санкционираше игра со рака на Рамос во шеснаесаетникот. Реал во реваншот победи со 2:1.

Четвртфинале ЛШ 2017. Реал Мадрид – Баерн 4:2 после продолженија

Скоро целиот фудбалски свет (не сметајќи ги навивачите на Реал) како пример за голем грабеж освен познатиот натпревар помеѓу Челзи и Барселона го наведува и овој на Реал и Баерн. После минхенските 1:2 истиот резултт беше и во Мадрид и се играа продолженија. Реал победи со 4:2, меѓутоа головите на Роналдо за 2:2 и 3:2 беа постигнати од очигледен офсајд. Освен тоа Виктор Касаи го исклучи Артуро Видал.

Финале ЛШ 2016. Реал – Атлетико 1:1, Реал славеше по изведувањето пенали.

Веќе споменатиот гол на Рамос за кој Клатенбург призна дека бил од офсајд.

Финале ЛШ 2014 Реал – Атлетико 4:1 после продолженија

Реал беше на колена, но Рамос во третата минута од судиското продолжение постигна гол за продолженија во кои Реал доминираше и славеше. „Мундо Депортиво“ истакнува дека при тој гол на Рамос бил направен фаул од Бејл над Хуанфран.

Финале ЛШ 1998, Реал Мадрид – Јувентус 1:0

Единствениот гол во Амстердам со кој Реал ја освои титулата го постигна Предраг Мијатовиќ. Меѓутоа Мијатовиќ беше во офсајд после одбиената топка и шутот на Роберто Карлос.

Четвртфинале ЛШ 2000 Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед 0:0, 3:2

Првиот натпревар на „Бернабеу“ заврши без голови, но во првото полувреме беше поништен чист гол на Двајт Јорк. Во реваншот Реал победи со 3:2, но Пјерлуиџи Колина не досуди играње со рака на Аитор Каранка во шеснаесетникот на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Грабеж во Англија: Хрвати го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години биле приведени во Англија како осо…