Дома Фудбал Италија Oбјавено колку клубовите од Серија А трошат на плати: Јувентус и со -58 милиони евра е на врвот

Oбјавено колку клубовите од Серија А трошат на плати: Јувентус и со -58 милиони евра е на врвот

„Газета дело Спорт“ денес објави колу клубовите од Серија А трошат на плати оваа сезона.

Според „Газета“ во однос на минатата сезона на платите вкупно се намалени за 72 милиони евра, причина секако е кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најмногу за платите на годишно ниво ги намали Јувентус, за дури 58 милиони евра, но и покрај тоа „старата дама“ е на врвот со 236 милиони евра. Најмногу од таа сума оди за Кристиано Роналдо (31 милион евра).

На второто место е Интер е кој очигледно не е погоден од кризата затоа што „нероаѕурите“ го зголемија трошокот за плати на 10 милиони евра и сега се на 149 милиони евра.

Рома се најде на третото место со 112 милиони евра што е за 13 милиони помалку од минатата сезона, Наоли со 105 е зад „волчицата“. Милан трошокот за плати го намали од 115 на 90 милиони евра, додека Лацио и Аталанта имаа зголемување за 11 (сега 83), односно 7 милиони евра (сега 42).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…