На интересен потег се одлучи обложувалницата „Стејк“ која веќе го прогласи Арсенал за шампион и ги исплаќа „тикетите“ на оние кои се обложиле дека „топџиите“ ќе завршат на врвот.




Арсенал одигра прв дел од сезоната и освои 50 бодови во 19 натпревари со што со предност од пет бода се пред Манчестер Сити, но имаат и натпревар помалку, па така разликата може да се зголеми.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Има уште многу да се игра до крајот на сезоната и далеку е од тоа дека се е завршено, меѓутоа обложувалницата почнала да ги исплаќа облозите за шампионска титула на Арсенал.




„Арсенал е шампионот во Премиер лигата. Видовме доволно и донесовме ваква одлука со која ги исплаќаме оние кои се обложиле дека Арсенал ќе биде шампион.




И покрај тоа што пред почетокот беа петти фаворит, играат во голем стил и се на врвот. Не гледаме како некој друг ривал би можел да ги стигне, објавија од обложувалницата“, соопштија од обложувалницата.




Коефициентот дека Арсенал ќе ја освои титулата пред почетокот бил 29 и засега нема информации колку пари биле исплатени, меѓутоа е познато дека една добивка изнесувала 14.000 фунти.



