Дома Фудбал Останато Oбамејанг изненади со одговорот за најтежок дефанзивец против кого играл

Oбамејанг изненади со одговорот за најтежок дефанзивец против кого играл

Пјер-Емерик Обамејанг пристигна во Барселона откако го раскина договорот со Арсенал.

Габонецот против Валенсија покажа дека ќе биде одлично засилување и запиша хет-трик. После натпреварот Габонецот даде интервју за „Мундо Депортиво“ во кое зборуваше за досегашната кариера, а еден дел им беше посебно интересен на сите. Новинарот го праша Обамејанг кој е дефанзивецот кој му создавал најголеми проблеми.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Одговорот на Обамејанг беше изненадувачки затоа што го избра Тајрон Мингс од Астон Вила.

„Најтежок противник против кого сум играл? Тајрон Мингс. Секој натпревар против него беше многу тежок затоа што воопшто не можев да дојдам до израз. Тој човек не правеше ниту најмала грешка кога ме чуваше, тоа ми беше неверојатно“, изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи …