Поранешниот македонски прволигаш Брегалница денес доби нов сопствник.
Сопственикот на Кит Го, Кирил Гогов купи мнозинство од акциите на штипскиот клуб и во новата сезона сезона Брегалница ќе влезе со големи амбиции за враќање во најсилната фудбалска конкуренција во Мкаедонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гогов сега има 51% од акциите, додека 49% останаа во сопственост на општината.
„Ја информирам јавноста дека продажбата ФК Брегалница е успешно заврешена. После седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип. На тој јавен повик имавме еден заинтерсиран наш сограѓанин, а тоа е Кирил Гогов,“ изјави Бочварски.
„Оваа сезона цел на ФК „Брегалница 2008“ ќе биде враќање во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите,“ додаде новиот акционер Кирил Гогов