Eден по еден се редат репрезентативците на Хрватска кои ја напуштаат селекцијата…
Вчера Марио Манџукиќ го објави своето повлекување, утрово медиумите најавија дека истото ќе го направи и Лука Модриќ во текот на наредната недела, а сега официјално се повлече најдобриот хрватски голман во овој момент Даниел Субашиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Субашиќ имаше огромен удел во освоенто сребро на Хрватска на Мундијалот во Русија, беше вистински херој во пенал сериите преку кои Хрватите стигнаа до борбата за златото.
Одличниот голман како и Манџукиќ со емотивна порака на својот Инстаграм профил се прости од дресот на „коцкестите“.
Субашиќ голот на Хрватска го чува веќе десет години, првиот повик го добил во 2008 година.