Многумина едвај чекаат да го видат Португалецот во новата улога.
Епизодата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед заврши на неславен начин откако Португалецот кон крајот на годината заработи отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Набрзо потоа Мурињо кратко беше стручен консултант на неколку натпревари од Премиер лигата за телевизија на Островот, меѓутоа сега пронајде нов работа.
Се шпекулираше за негово враќање во тренерските води меѓутоа изгледа тоа барем одредено време нема да се случи – Мурињо има сопствена емисија!
Денес беше објавено дека Мурињо ќе има сопствена емисија на телевизијата „Русија Денес“ во која ќе зборува случувањата во фудбалот ширум светот.
Повеќе детали за емисијата која ќе се нарекува “On the touchline with Jose Mourinho” не се објавени. Меѓутоа знаејќи го Португалецот колку е страствен кога зборува за најважната споредна работа во светот нема сомневање дека ќе уживаме во неговите анализи.
As the world discusses what’s next for Jose Mourinho, we have the answer…https://t.co/2kGsQ7OSFC
#JoseMourinho #ChampionsLeague #Mourinho pic.twitter.com/Utki5qGCg8
— RT Sport (@RTSportNews) February 11, 2019