Дома Македонски спорт Oфицијално: Бојан Миовски нов играч на Абердин!

Oфицијално: Бојан Миовски нов играч на Абердин!

Шкотски Абердин потврди дека Бојан Миовски ќе потпише четири годишен договор откако британските имиграциски органи ќе му издадат работна дозвола.

На Островот Миовски се сели од МТК каде што во изминатата сезона постигна девет гола на 29 натпревари.

„Го следиме Бојан повеќе месеци наназад и победивме во жестока конкуренција за неговиот потпис. Добиваме одличен напаѓач со предиспозиции да успее во шкотската лига. Без разлика што утре полни 23 години тој е веќе репрезентативец на Македонија која за малку не се пласираше на Светското првенство во Катар. Презадоволни сме што во следните четири години ќе го гледаме во нашиот тим“, порачаа од Абердин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Петок и сабота во Торино се денови резервирани за Ди Марија и Погба

Се поблиску сме до моментот кога Јувентус ќе ги промовира двете големи засилувања во овој …