Претседателот на Фенербахче, Али Коч потврди дека Месут Озил ја заврши својата епизода во турскиот клуб, а сега се најавува дека турскиот фудбалер би можел да се пресели во Мајами кај Дејвид Бекам,
Поранешниот германски репрезентативец и ас на Арсенал подолго време не игра на препознатливото ниво. Во Фенербахче овој во овој момент е суспендиран и не игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил во јануари 2021 година потпиша договор со Фенер на три ипол години откако претходно неславно се раздели со Арсенал поради конфликт со Артета.
Медиумите тврдат дека Мајами во овој момент е фаворит да го доведе Озил кој не крие желба да игра во МЛС. Дејвид Бекам го основаше Интер, Мајами во 2018 година, екипата во овој момент од клупата ја води неговиот поранешен соиграч од Јунајтед Фил Невил.
Наводно интерес за Озил покажал и англискиот второлигаш Хал Сити каде што газдата на клубот, Турчинот Ачун Меџа е пријател со Озил.
Mesut Ozil targeted by Hull City and David Beckham's Inter Miami as Fernabache are set to terminate the former Arsenal play maker's Contract. pic.twitter.com/VTgbDgTBZv
— The Football Culture (@m59173145) April 8, 2022