Многу промени веројатно ќе претрпи тимот на Атлетико Мадрид наредната сезона, но оваа вест сигурно е една од најубавите за навивачите на овој клуб.
„Јорганџиите“ се воодушевени од новиот развој на ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот нема лесно да се ослободи од играчите кои се од големо значење за играта на тимот. Во Кина заминаа Нико Гаитан и Јаник Караско, а на крајот од сезоната скоро сигурно ќе замине и Фернандо Торес.
Но, такво нешто нема да се случи со Јан Облак потврдија денес од клубот.
„Потпиша нов договор, ве известуваме во случај тоа да не го знаевте“, изјави Енрике Серезо , претседателот на Атлетико Мадрид.
Значи, нападите на ПСЖ се одбиени, останува само да се откријат деталите од договорот на Облак.