Пјер-Емерик Обамејанг во јануарскиот преоден рок го напушти Арсенал после четири години поминати во овој клуб, како слободен играч ја засили Барселона, за од таму да се врати во Англија во дресот на Челзи.
На социјалните мрежи се појацви снимка на која Обамејанг зборува за тренерот на „топџиите“, Микел Артета. Во снимката Габонецот објаснува дека шпанскиот стратег не знае да води големи играчи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Големи имиња, големи играчи, не може да се носи со нив. Потребни му се млади играчи кои ништо не зборат“, зборува Обамејанг во снимката.
Сега Габонецот даде објаснување.
„Свесен сум дека постои видео снимено веднаш после моето доаѓање во Барселона. Тогаш во себе имав многу негативно чувство. Арсенал игра одлично оваа сезона. На поранешните играчи им посакувам се најдобро, само не на 6. ноември (играат против Челзи)“, напиша Обамејанг.
Вечерва Обамејанг го чека нов натпревар за Челзи против Милан.
Proof that Arteta got the Aubameyang and Ozil situation completely right. Imagine having personalities like this in the dressing room when your trying to rebuild a new squad pic.twitter.com/71IsgFzd4r
— 4 The Arsenal (@4TheArsenal_) October 10, 2022