
Како што стојат работите, Дарвин Нуњез е еден од играчите кои ова лето ќе го напуштат Ливерпул и ќе ја бараат својата среќа на некое друго место.
Наводно, Нуњез има многу добри понуди од Саудиска Арабија, но тој сака да ја продолжи својата кариера во Европа.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Според пишувањата на странските медиуми, токму Нуњез е многу време мета на Антонио Конте и неговиот Наполи.
Во овој клуб веруваат дека може да го донесат Нуњез за помалку од 50 милиони евра за да ги решат сите свои проблеми во нападот.
„Наполи подготвува уште еден круг преговори со кампот на Дарвин Нуњез оваа недела за да направат напредок во преговорите.
Има уште неколку клубови што го сакаат од Саудиска Арабија, но Наполи се обидува веќе неколку недели и не се откажуваат”, тврди Фабрицио Романо.
Освен тоа, челниците на Ливерпул наводно веќе водат преговори со Наполи за да се изврши трансферот што е можно порано.
Фото: Принтскрин