
Њукасл го продаде Александер Исак во Ливерпул за 150 милиони евра и веднаш го договори доаѓањето на нов напаѓач. Исак би требало да го замени Јоане Виса, кој доаѓа во Њукасл од Брентфорд во трансфер вреден 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра).
Виса за Брентфорд одигра 149 натпревари и постигна 49 гола, а беше извонреден минатата сезона, кога во Премиер лигата постигна 19 голови и асистираше за пет.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Покрај со неговото купување, Њукасл заминувањето на Исак планира да го компензира и со доведувањето на Ник Волтмејд од Штутгарт, кој чини дури 85 милиони евра.
Фото: Њукасл/ФБ