Дома Фудбал Њукасл ја отвора вратата за Исак, а Ливерпул го поместува лимитот од 450 милиони евра?

Њукасл ја отвора вратата за Исак, а Ливерпул го поместува лимитот од 450 милиони евра?

Пред само неколку дена, се чинеше дека преминувањето на Александар Исак (25) во Ливерпул е скоро исклучено, но британските медиуми објавија дека управата на Њукасл очекува нова понуда од страна на “Црвените” за шведскиот напаѓач. Првичната понуда од 125 милиони евра беше одбиена од страна на “Сврачките”, кои истакнаа дека шведскиот репрезентативец вреди 170 милиони евра.

Во меѓувреме, Исак и раководството на Њукасл разменија остри зборови, а играчот тврди дека управата му ветила дека нема да го спречи неговиот трансфер во нова средина. “Кога ветувањата се прекршуваат, тогаш нема повеќе доверба и таа врска мора да заврши. Затоа, верувам дека би било корисно за двете страни, како за Њукасл така и за мене, да се случи таа промена,” објави Исак во вторникот на социјалните мрежи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овие изјави доведоа до тоа раководството на Њукасл да сфати дека нема смисла да го блокира заминувањето на Исак, бидејќи ќе добијат незадоволен играч кој може да ја наруши атмосферата во тимот.

Иако моментално нема адекватна замена за Исак, имајќи предвид дека словенечкиот фудбалер Бенџамин Шешко премина во Манчестер Јунајтед, а Хуго Екитике во Ливерпул, клубот од стадионот Сент Џејмс Парк е свесен дека ќе биде потребно да го продаде шведскиот голгетер.

Британските медиуми посочуваат дека овој пат Њукасл би прифатиле значително пониска понуда од барањето за 170 милиони евра, и тоа во дијапазон од 135 до 140 милиони евра. Ливерпул ова лето веќе потроши 340 милиони евра на нови засилувања.

Исак во Њукасл дојде од Реал Сосиедад во 2022 година за речиси 70 милиони евра. Во три сезони постигна 62 гола и додаде 11 асистенции. Сегашниот договор му е валиден до јуни 2028 година, а според него годишно заработува седум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа ноќ Донарума ќе ја памти, познато е и името на новиот клуб (Видео)

Овој петок, Пари Сен-Жермен ја оствари втората последователна победа против Анже (1:0), шт…