Дома Фудбал Нуњез и Салах обезбедија пресврт за Ливерпул против последниот тим на табелата (Видео)

Нуњез и Салах обезбедија пресврт за Ливерпул против последниот тим на табелата (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул победија на својот „Енфилд“ против тимот на Саутемптон со резултат од 3:1, додека во последните моменти од натпреварот, Брајтон исто така по пресврт го победи Фулам и продолжи со својата борба за пласман во Европа.

Херој во победата повторно беше Салах, кој иако постигна два гола од пенал, сега има постигнато 27 голови и 17 асистенции во Премиер лигата, и сигурно е главен кандидат за „Златна топка“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На тимот на Арне Слот му е во мислите реваншот со Пари Сен Жермен, но „Црвените“ и покрај тоа освоија нови бодови и направија чекор поблиску кон титулата.

Во попладневните часови, Кристал Палас го пречека и победи Ипсвич со резултат 1:0 и го продолжи низот на одлични резултати.

Палас се мачеше, но во завршницата успеа да го победи Ипсвич. Единствениот гол на натпреварот го постигна Исмаел Сар во 82. минута.

Во третиот натпревар, Брајтон го победи Фулам со гол во последните моменти од пенал со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оливие Жиру се враќа во Франција

Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно…