
Додека Ливерпул инвестира стотици милиони во засилувања, вистинскиот скапоцен камен на клубот можеби веќе се наоѓа во нивната младинска школа. Има само 16 години и се вика Рио Нгумоха.
Англискиот шампион во среда играше гостински натпревар во Јапонија, каде пред 67.032 гледачи на стадионот Нисан во Јокохама го совлада домашниот тим Јокохама Ф. Мариноз со резултат 3:1.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дебитантскиот настап за Ливерпул го забележа Хуго Екитиќе, додека најголемите аплаузи ги доби јапонскиот репрезентативец Ватару Ендо кога влезе во игра во второто полувреме. Сепак, јунаци на теренот беа младите играчи.
Сите голови паднаа во второто полувреме. Мариноз поведе преку Асахи Уенака, но Црвените направија пресврт со головите на Флориан Вирц (првиот во црвениот дрес), 18-годишниот Треј Ниони и 16-годишниот Рио Нгумоха.
Токму младиот Нгумоха, кој влезе од клупата, ја воодушеви публиката. Тој е поранешен член на младинската академија на Челси и младински репрезентативец на Англија со потекло од Нигерија.
Минатото лето пристигна во Ливерпул, играл во Младинската Лига на шампиони, а тренерот Арне Слот брзо го вклучи во првиот тим. Својот дебитантски настап за сениорите го имаше на 11 јануари 2025 година, кога стана најмлад стартер во историјата на клубот, во победата над Акрингтон Стенли (4:0) во ФА Купот. Некои спортски аналитичари дури прогнозираат дека во иднина ќе ја освои Златната топка.