Дома Фудбал Ново разочарување на „Олд Трафорд“: Легендата направи неочекуван потег и му го сврте грбот на Манчестер Јунајтед

Ново разочарување на „Олд Трафорд“: Легендата направи неочекуван потег и му го сврте грбот на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во среда беа поразени во финалето на Лига Европа од Тотенхем, а конечниот резултат беше 0-1.

Тоа значи дека следната сезона нема да има европски фудбал за навивачите на Манчестер Јунајтед и тоа по првпат од 2014 година.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Се очекува ова да биде голем удар за Рубен Аморим кога станува збор за трансфер-периодот ова лето.

Наводно, Аморим ќе има дури 100 милиони евра помалку за трошење затоа што не успеа во обезбедување место во некое од европските натпреварувања.

Аморим јасно рече дека нема да даде оставка, но исто така и нагласи дека ќе замине ако клубот тоа го побара од него.

„Ако управата и навивачите сметаат дека не сум вистинската личност, си одам веднаш следниот ден без никаква компензација“, изјави Аморим.

Една поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед повеќе нема да биде на Олд Трафорд, барем не толку често како досега.

Се работи за легендата на овој клуб, Норман Вајтсајд, кој стана најмладиот играч што дебитираше за овој клуб, и тоа со 16 години во 1982 година.

Вајтсајд и неговата сопруга Ди 28 години беа сопственици на членски картички на Манчестер Јунајтед, но и тоа сега ќе се промени.

„Долго време чекавме да го напишеме ова, но по 28 години решивме дека нема да ја продолжиме нашата верност кон Манчестер Јунајтед.

Сè што се случи во последните неколку години, од тоа што не можеме да влеземе на натпревар, до тоа што не можеме да доплатиме седиште за децата, што е доста, е доста“, напишаа тие.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Луда“ сцена во Бразил: Кутињо даваше интервју додека се слушаа пуктоници! (Видео)

За време на интервјуто кое Филип Кутињо го даде за новинарите на телевизијата „Глобо“, во …