Дома Фудбал „Новиот систем на ЛШ е фер и возбудлив, 25 клуба се борат за нешто во последното коло“

„Новиот систем на ЛШ е фер и возбудлив, 25 клуба се борат за нешто во последното коло“

Генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети, изјави на Фудбалскиот самит во Португалија дека новиот формат на Лигата на шампиони ги исполни очекувањата, носејќи поголема динамика, разновидност и фер услови за сите клубови.

„Одлуката за промена на форматот беше донесена по долги преговори со сопствениците и клубовите. Се раководевме од идејата за подобар квалитет, инклузивност на клубовите од помалите земји и поголем баланс и непредвидливост“, рече Маркети.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според него, целта на УЕФА беше да се избегне повторувањето на истите двојки и натпреварувањето повеќе да се насочи кон навивачите.

„Сега секој тим игра против осум различни противници, што внесува повеќе динамика и возбудување“, додаде Маркети.

Тој истакна дека новиот формат, што беше воведен по 21 година, донесе поголема рамнотежа меѓу екипите.

„Во стариот формат имаше групи со големи разлики во коефициентите, додека сега просечната разлика е 11. Новиот систем е фер и возбудлив”, наведе генералниот секретар на УЕФА.

Маркети оцени дека промените донесоа позитивни ефекти и во поглед на неизвесноста на натпреварувањето.

„Клубовите поминуваат низ подеми и падови, промените на табелата се поизразени, а последното коло станува своевиден климакс бидејќи 25 од 36 клуба имаат за што да играат”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…