Дома Фудбал Новиот дрес на Манчестер Сити предизвика бурни реакции од фановите: „Одвратен е, најлошиот досега“

Новиот дрес на Манчестер Сити предизвика бурни реакции од фановите: „Одвратен е, најлошиот досега“

Новата сезона во Премиер лигата наскоро започнува, а Манчестер Сити со еден потег успеа да ги изнервира своите навивачи. Тимот на Пеп Гвардиола ја отвора сезоната 2025/26 во сабота гостувајќи кај Вулвс, каде веројатно ќе го носи својот нов син домашен дрес. Додека домашниот и вториот, целосно црн дрес, беа добро прифатени, третиот предизвика згрозување, пишува Дејли Мејл.

Инспириран од манчестерскиот дожд

Клубот од Етихад го претстави третиот дрес чија оригинална верзија чини 130 фунти, а репликата 85 фунти. Овој дрес содржи необична комбинација на сива и електрично зелена боја. Деталниот поглед покажува дезен од дождливи капки врежани на дресот, што би требало да го симболизира типичното дождливо време во Манчестер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од Пума изјавија дека дизајнот е “инспириран од познатото манчестерско време” и “наменет за оние кои го носат Сити во своето срце, без разлика дали е дожд или сонце”, стои на веб-страницата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Давор Здравковски се врати во клубот каде што помина шест години

Македонскиот фудбалер Давор Здравковски по две години минати во шкотскиот Мадервел повторн…